Бајден: Изгледа дека нападот врз болницата го извршила друга страна, а не Израел

Макфакс
/ 18.10.2023 / 12:57

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Вашингтон ќе го снабди Израел со сѐ што му е потребно за да се одбрани во војната против Хамас, милитантното палестинско движење, истовремено сугерирајќи дека палестинската страна стои зад експлозијата во болницата во Газа.

Бајден утрово слета во Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека Хамас е полош од Исламската држава бидејќи уби цивили во ненадеен напад на 7 октомври, кој предизвика судири. Бајден рече дека тогаш биле убиени и 31 Американец.

Тој нагласи дека е „тажен и бесен“ поради експлозијата во болницата во Појасот Газа во вторникот. Хамас тврди дека таму загинале неколку стотици луѓе.

„Врз основа на она што го видов, изгледа дека другата страна го направи тоа, а не Израел“, изјави американскиот претседател.

Израел тврди дека експлозијата била предизвикана од палестинска ракета од групата Исламски џихад, што Палестинците го отфрлаат.

„Мораме да запомниме дека Хамас не ги претставува сите Палестинци и им донесе страдање“, заклучи Бајден.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе