Бајден ја обвини Кина за прикривање информации за потеклото на коронавирусот

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја обвини Кина дека прикрила „клучни информации за потеклото на пандемијата на коронавирусот“, по објавувањето на резимето на извештајот на американската разузнавачка истрага, во кој останаа одредени нејаснотии.

Извештајот, означен како строго доверлив, беше доставен оваа недела до Бајден, кој на разузнавачките служби им даде рок од 90 дена за да ги удвои напорите и да го објасни потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Според делови од извештајот објавен синоќа, разузнавачките служби заклучиле дека коронавирусот SARS-CoV-2 не е развиен како биолошко оружје и веројатно не е генетски модифициран.

Сепак, останува поделеност во ставот дали коронавирусот е предизвикан од природна изложеност или е резултат на „лабораториска несреќа“.

– Клучни информации за потеклото на пандемијата постојат во Кина, а од почетокот тамошните власти работеа на спречување на пристапот на меѓународните истражители, рече американскиот претседател.

Бајден додаде дека Кина продолжува да ги отфрла повиците за транспарентност и крие информации, иако пандемијата на коронавирусот сè уште е присутна.

Кинеската Амбасада во Вашингтон веднаш реагираше и ги обвини САД за политичка манипулација.

– Извештајот на американската разузнавачка заедница покажува дека САД се решени да тргнат по погрешен пат на политичка манипулација, соопшти кинеската Амбасада, додавајќи дека извештајот се базира „на претпоставка за кинеска вина, само за Кина да стане жртвено јагне“.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Свет

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Read more

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Read more

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Read more

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Read more
 

Вести

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе

ДИК ги усвои приговорите за 7 избирачки места

Читај повеќе