Бајден најави нови преговори со Иран

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во интервју за The New York Times денеска изјави дека сака брзи нови преговори со Иран, но со консултации со сојузниците на САД по повторното придружување на Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

– Најдобар начин за да се постигне извесна стабилност во регионот е разгледување на иранската нуклеарна програма. Ако Иран има атомска бомба, тогаш во Блискиот Исток би настанала трка за нуклеарно вооружување, а тоа е последна работа што е потребна во тој дел од светот, посочи Бајден.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, а повторното придружување би значело и укинување на санкциите кон Иран.

The New York Times наведе дека новите преговори би се однесувале и на дополнителни нуклеарни ограничувања, како и на активностите на иранските сојузници Либан, Ирак, Сирија и Јемен.

Вестникот исто така истакна дека Бајден покрај консултациите со земјите-потписнички на Договорот (Кина, Русија, Франција, Германија и Обединетото Кралство) ќе разговара и со земјите ривали на Иран – Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Свет

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Read more

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Read more

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more
 

Вести

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Читај повеќе

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Читај повеќе

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Читај повеќе

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Читај повеќе

Без струја делови од Карпош и Центар

Читај повеќе

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе