Бајден се налути поради намаленото производство на нафта, ќе има последици за Саудиска Арабија

Кајгана / МИА
/ 12.10.2022 / 09:38

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „ќе има последици“ за Саудиска Арабија по минатонеделната одлука на земјите од нафтениот картел „ОПЕК плус“ за намалување на производствените квоти.

„Ќе има последици за она што го направија со Русија“, изјави Бајден во интервју за CNN, без да прецизира какви одлуки може да се донесат.

Неодамнешната одлука на „ОПЕК плус“, во која е и Русија, да го намали производството на нафта за два милиони барели дневно, го налути Западот, каде многумина во таквата одлука видоа потег што ќе му помогне на Путин да ја финансира руската војна во Украина.

Намалувањето на производството нафта и посредно зголемувањето на цената на бензините, ја усложнува ситуацијата за американскиот претседател Бајден и неговата Демократска партија пред ноемвриските избори за Конгресот.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби вчера изјави дека претседателот Бајден има намера да ги „преиспита” односите меѓу САД и Саудиска Арабија по одлуката за намалување на квотата за производство на нафта, што може да доведе до скок на цената на енергенсот.

Кирби додаде дека Бајден е подготвен заедно со Конгресот да ги разгледа опциите за тоа какви треба да бидат односите со Саудиска Арабија.

Картелот „ОПЕК плус“ го сочинуваат 13 земји-членки на „ОПЕК“ предводени од Саудиска Арабија и уште десет нивни партнери предводени од Русија. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе