Бакнеж под имела - бакнеж под токсичен паразит

Ако некогаш на дрво сте здогледале џбун листови кои ве потсетиле на имела, всушност и не сте се излажале бидејќи станува збор токму за ова необично растение паразит.

За многумина една од бројните асоцијации за новогодишните празници е имелата, билка која низ историјата била ценета од многу народи. На пример Скандинавците ја сметале за симбол на мирот, па кога со непријател ќе се сретнеле под неа морале да престанат со кавгата барем тој ден. А, пак во 18 век во Англија почнала традиција помеѓу слугите која денес е раширена низ САД - бакнување под имела на Божик. Тие што ќе се најдат под имела мора да се бакнат, а доколку не го сторат тоа ги чека лоша среќа.

Меѓутоа, доколку овие традиции се тргнат на страна и во обѕир се земат само строгите научни податоци, она што најмногу изненадува во врска со имелата е што таа всушност е паразит кој ги напаѓа дрвјата.

Имено, Phoradendron претставува вид на имела која потекнува од сандаловината - билка позната по тоа што преку корењата краде храна. Сепак, имелата еволуирала малку поинаку од своите роднини, па така таа паразитира така што се качува на гранките на друго дрво. Својот голем успех во распространетоста го должи на лепливите семиња внатре во вкусните бобинки со кои се хранат птици и кои потоа преку изметот го разнесуваат овој паразит.

Кога еднаш имелата ќе се закачи за некое дрво, од него добива хранливи материи и на тој начин му причинува стрес. Иако не го убива својот „домаќин“, со текот на времето може да предизвика исушување на делови од стеблото. Она што малкумина го знаат е дека имелата може да биде токсична за луѓето и домашните миленичиња, но и дека има и неколку корисни особини.

За време на својот живот на домаќинот може да му покаже и извесна љубезност, така што го зголемува производството на фотосинтеза и ја намалува количината на штета која му ја прави. Исто така, преку неколку екперименти било воочено дека нејзините цветови произведуваат нектар идеален за пчели и се погодни домаќини за гасениците.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Живот

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе