Барса обвинета за корупција, претседателите на суд

Случајот „Негреира“ преминува во следната фаза – судењето.

Заврши истрагата што шпанското обвинителство со месеци ја водеше во врска по сомневањата дека Барселона 17 години го поткупувала поранешниот потпретседател на Судската комисија на Примера, Хозе Марија Енрикез Негреира, со обвинителен акт за поткуп и корупција.

Покрај Негреира и неговиот син, шефот на Првиот истражен суд во Барселона, судијата Хоакин Агире, покрена обвиненија и против двајца поранешни претседатели на Барселона, во чие време започна оваа „соработка“ со еден од највлијателните луѓе во шпанскиот фудбал, Сандро Росел и Хосеп Марија Бертомеу.

Истрагата утврдила дека Негреира стекнал богатство од 7,5 милиони евра правејќи разни отстапки на Барселона за време на делегирањето судии, лобирање кај самите арбитри, олеснување на суспензиите и други казни, нудење контакти и договарање разни тајни состаноци во корист на еден од најголемите европски клубови, пишува шпанскиот „Ел Дебат“.

Во моментот на објавување на оваа вест, инспектори од „Цивилна гарда“ ненајавено „упаднаа“ во просториите на Судската комисија.

Во меѓувреме, покрената е постапка и против Барселона како здружение на граѓани. Доколку се докаже дека некој од претставниците на клубот барал или понудил пари за нечесни отстапки, тоа ќе се смета за поткуп и во тој случај затворските казни се извесни според шпанското правосудство.

Мадридскиот печат, близок до Реал Мадрид, природно го постави прашањето за легитимноста на освоените титули на Барселона во тој период, па фокусот ќе биде ставен на однесувањето на челниците на Шпанската фудбалска асоцијација, како и на самата Ла Лига.

Во споменатиот период Барселона освои 11 од 27 титули и седум од 31 трофеј во Купот на Кралот.

Тагови
реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе