Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Макфакс/Кајгана
/ 30.04.2024 / 16:19

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, играчот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд (23), не е на нивото од минатата сезона, поради што неодамна беше мета на критики, пред сѐ од поранешните играчи кои денес ги анализираат натпреварите за ТВ куќите.

Какви стандарди постави Холанд минатата сезона најдобро покажува податокот дека оваа сеозна често го критикуваат, а тој има постигнато вкупно 32 гола (21 во Премиер лигата) на 40 настапи во сите натпреварувања.

Вредноста на Холанд за Манчестер Сити, со кого има договор до 2027 година, не е само на теренот, туку Норвежанецот е еден од најпопуларните фудбалери во светот, неговиот маркетиншки потенцијал е огромен, а тоа го покажува и веста дека ова недела Холанд станува лик што може да се игра во видео игрицата „Clash of Clans“.

Ова е прв пат во игрицата да се додаде вистинска личност, а Холанд ќе стане ликот на „Кралот на варварите“ во текот на месец мај.

Холанд ја игра „Clash of Clans“ повеќе од десет години и стапи во контакт со Supercell, финските програмери кои стојат зад популарната игрица, за да формираат партнерство.

„Кога слушнавме дека Ерлинг Холанд е обожавател на нашата игрица и сака да биде партнер со нас, тоа навистина беше сценарио од соништата“, изјави Стјуарт Мекгау, генерален директор на „Clash of Clans“.

Холанд имал 10 години кога прв пат ја открил оваа игрица, а активно учествува и денес.

„Јас сум голем обожавател на игрицата долго време и знам сè за неа, така што е навистина кул да се појавиш како лик во игрицата“, рече Холанд.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе