Барса сезоната 2023/24 ќе ја игра надвор од Камп Ноу поради реновирање

Откако кончено доби дозвола од градските власти, каталонскиот гигант ќе почне со реновирање на својот дом „Камп Ноу“, што значи дека ќе мора да бара привремен стадион за домашните натпревари.

Сезоната 2023/23 Барселона ќе ја игра надвор од препознатливиот „Камп Ноу“, потврдија од клубот денеска. Се знае и привремениот дом, а тоа е стадионот „Олимпик“.

„Камп Ноу“ е отворен во далечната 1957 година и моментално е најголем стадион во Европа со капацитет од 99.354 гледачи. Реновирањето најмногу ќе биде на третиот спрат кој наредното лето ќе биде срушен.

„Реновирањето на 'Камп Ноу', епицентарот на проектот Espai Barça, ќе почне сега во јуни веднаш штом ќе заврши сезонава, а во соглансост со дозволата за градба добиена утринава. Работите ќе бидат изведувани на првиот и вториот спрат, технолошките аспекти, околината на стадионот и надворешната урбанизација“, стои во клупското соопштение.

URL

„Работите внатре во 'Камп Ноу' ќе вклучуваат рушење на додатната структура во зоната Јужен Гол каде порано се наоѓаше медицинскиот центар, потоа ќе има реставрациски работи, анти-карбонација и хидроизолација на трибините, како и структурни завршетоци и подобрување и реновирање на системите за реемитување“.

Овие интервенции нема да бидат проблем за тимот наредната сезона 2022/23 да ја игра на „Камп Ноу“, но затоа понаредната 2023/24 ќе мора да ја игра на друг стадион бидејќи рушењето на дел од трибините не дозволува активна игра во добар капацитет.

„Рушењето на третиот кат ќе почне летото 2023 година, со што ќе добиеме и на време со оглед на менливите цени во моментов, а ќе ни овозможи 'Камп Ноу' да функционира со цел капацитет нареднава сезона. Рушење порано од тоа ќе значеше сезоната 2022/23 да мора да ја играме со само 50% капацитет“.

URL

Барселона таа сезона ќе ја игра како домаќин на стадионот „Олимпик Љуис Компањс“, кој последен пат беше реновиран во 1989 година и беше главен стадион на Летните олимписки игри во 1992. Овој стадион не е ничиј дом, а порано на него играше локалниот ривал Еспањол (од 1997 до 2009), како и Барселона Драгонс до 2002, тим во американски фудбал. Репрезентацијата на Шпанија нема играно на овој стадион од 2004, а во 2008 таму квалификации играше Андора против Англија. Сега важи за стадион на кој се организираат концерти каде во јуни прво доаѓаат Red Hot Chili Peppers, а потоа во јули и Iron Maiden.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе