МЛС 2020

Бекам: Манчестер и Реал не беа создадени за еден ден

Дејвид Бекам побара трпение за својот нов клуб Интер Мајами наведувајќи дека ниту златните генерации на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид не беа создадени брзо, туку им беше потребно време.

Клубот кој го создаде во МЛС има лош почеток со три порази во првите три натпревари на летниот турнир по рестарот на сезоната. Интер Мајами загуби 2:1, од Орландо Сити, 2:1 од Филаделфија Јунион и 1:0 од Њујорк Сити. И во регуларниот дел, кој беше прекинат, Интер Мајами не помина подобро губејќи ги сите 5 натпревари со гол-разлика 3:8.

„Понекогаш патот е едноставно долг и треба да се земе здив. Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Ла Лига и Премиер лигата не беа создадени за еден ден. На тимовите, играчите и клубовите им е потребно време за да проработат, а кога ќе почнат да го прават тоа тешките времиња стануваат далечни. Важно е да се фрли поглед на она што е досега направено. Јас сум горд на мојот тим, нашиот клуб и неверојатните навивачи кои ги имаме. Трпението е доблест“, напиша Бекам во обраќање на Instagram.

Во воведната сезона Бекам не состави тим од познати имиња како што се најавуваше. Најпознати фудбалери се панамскиот ветеран Роман Торес, американскиот репрезентативен напаѓач Хуан Агудело и јамајканскиот бек Алвас Пауел.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе