Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата

ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари.

Најверојатно, како што рече Бектеши, помали сметки ќе имаат и малите потрошувачи.

-Сега е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид цената на мазутот моментално, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино излегува некаде 240 до 245 евра, а ако увеземе, претходната недела увезувавме со 205 евра по мегават час, зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулациите од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.

Тој дополни и дека никој не знае дали може да се случи некоја хаварија.

-Веќе е испорачан дополнителниот трансформатор за третиот блок во Битола, најверојатно за една недела би требало да биде во Битола каде што ќе има уште една дополнителна можност за производство на електрична енергија. Ако мислите дека треба да произведуваме електрична енергија со повисока цена, добро, ние тоа ќе го направиме, нема да увеземе, но на таков начин нема да го штитиме буџетот. Ние носиме одлуки и за заштита на буџет и за граѓаните непречено да бидат снабдувани со електрична енергија и тоа ќе трае до крајот на грејната сезона, како за електричната, така и за топлинската енергија. И граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки за електрична енергија, напомена Бектеши.

РКЕ располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар

Бектеши денеска рече дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар, а дали тоа го сториле согласно законот, ќе утврдат надлежните институции – Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција.

Според Бектеши, тие што ги исполнуваат условите имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар.

-Нивната листа не се крие. Но, јас кажав една основа врз која треба да се направи контрола од страна на УЈП и Финансиската полиција. Веќе е донесена таква одлука од наша страна за автоматски, согласно одлуката за прогласување кризна состојба каде што можеме како Министерство да им даваме права и обврски на сите носители на лиценци во делот на енергетиката за тие автоматски да бидат извадени од регулиран пазар, а тие што ги исполнуваат условите секако дека имаат право да останат и на регулиран и на либерализиран пазар. Обратете се во УЈП и во Финансиска полиција за да бидете навремено и соодветно информирани за сите постапки што тие ги преземаат, рече Бектеши.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе