Бела ноќ в сабота на 10 локации низ Скопје

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26 септември, ќе можат да бидат дел од Бела ноќ, градскиот културен настан кој стана традиционален.

Една недела порано од вообичаеното, на 10 локации (паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“, МКЦ, Зелено пазарче, плоштад „Ибни Пајко“, Музеј на современа уметност, Дом на култура „Кочо Рацин“, Архитектонски факултет, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и Даут Пашин Амам), посетителите ќе можат да ги погледнат перформансите, концертите, изложбите и другите културно-уметнички активности.

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

Годинава централниот настан „Скопските евергрини“ ќе се одржи на паркингот пред СРЦ „Борис Трајковски“, каде што најпознатите скопските хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди како Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на „Баги Биг Бенд“, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Влезниците за „Скопските евергрини“ пред СРЦ „Борис Трајковски“ и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни и истите можат да се подигнат на билетарите на МКЦ и на Универзална сала.

Со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од Бела ноќ в сабота ќе започнат од 19:00 часот и ќе траат до 24:00 часот, работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за минатите Бели ноќи, а граѓаните за локациите и програмата дополнително можат да се информираат и на официјалната веб-страница како и на настанот на Facebook.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе