Бенедикт Камбербач и Џоди Фостер во главните улоги во „The Mauritanian“
Пред неколку недели дознавме дека драмата „The Mauritanian“ доби номинација за Оскар, а по трејлерот се гледа дека станува збор за одличен филм.
Џоди Фостер ќе ја толкува Ненси Холандер, адвокатка која го презема случајот на терористот Мохамедоу, кој е обвинет за регрутација на терористите кои се виновни за падот на кулите-близначки на 11 септември. Бенедикт Камбербач ќе го глуми Стјуарт Коуч, воен обвинител кој на крајот открива шокантна завера.
Филмот пристигнува на 19 февруари, 2021 година. Погледнете го видеото.