Беноа Пер: Не можам повеќе, пак сум заразен со корона

Францускиот тенисер Беноа Пер, три недели пред почетокот на Австралија Опен, објави дека е повторно позитивен на коронавирусот.

На Instagram објави дека има корона и дека се наоѓа во изолација, што значи дека го пропушта турнирот во Мелбурн. Пер има 32 години, a на АТП листата се наоѓа на 46-то место.

„Здраво, се викам Беноа Пер и по 250 пат сум позитивен на коронавирусот. Искрено, не можам повеќе да се справам со ова. Не се чувствувам психички добро поради овие изолации и времето минато во хотелски соби низ светот. Поради короната имам проблеми со носот. Минатат година беше тешка, а и новата изгледа ќе биде потешка“, порача Пер додавајќи дека е вакциниран со две дози и дека ја поддржува вакцинацијата, но не гледа смисла во изолирањето на вакцинираните лица.

Пер беше позитивен на коронавирус и минатата година, неколку дена пред почетокот на УС Опен.

Во последните неколку дена сè повеќе тенисери во светот се заразени, коронавирус фатија Рафаел Надал, Андреј Рубљев, Денис Шаповалов, Ема Радукану и други.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе