Берлин ги забрани најавените протести против мерките за COVID-19

Градот Берлин денеска забрани неколку протести насочени против мерките за борба против ширењето на коронавирусот, планирани за овој викенд.

„Може да се очекува дека сегашните правила на борба против ширење на инфекцијата ќе бидат прекршени меѓу учесниците на протестот“, се вели во образложението на Канцеларијата за јавни собири, која работи во рамките на внатрешнополитичкиот комитет на Сенатот на градот Берлин.

Во образложението понатаму се вели дека за време на слични протести на почетокот на месецот, имало огромни намерни прекршувања на мерките против ширењето на коронавирусот.

Сенаторот за внатрешни работи на Берлин, Андреас Гајсел, најави „одлучна интервенција“ од полицијата во случај на непочитување на забраната.

„Не сум подготвен втор пат да дозволам Берлин да стане сцена за оние што го негираат коронавирусот, десничарските екстремисти и т.н. граѓани на Рајхот“, наведе тој во денешното соопштение. 

Претходно овој месец, во Берлин се одржа протест против рестриктивните мерки поради епидемијата на коронавирусот. 

Демонстрантите носеа плакати со пароли „Корона, лажна тревога“, „Принудени сме да носиме муцки“ и „Природна одбрана наместо вакцинација“. Демонстрантите извикуваа дека нема да дозволат одземање на нивната слобода.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Read more

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе