Бесплатен онлајн стриминг на „Прашина“ на Манчевски

Поради вториот бран на коронавирусот во земјава и во пресрет на веќе воведените препораки како да се заштитиме, в петок на социјалните мрежи ќе биде споделен Vimeo линк на кој бесплатно ќе може таа вечер онлајн да се проследи играниот филм „Прашина“ во режија на Милчо Манчевски.

Линкот и деталите ќе бидат споделени на официјалните страници на режисерот на Facebook, Instagram и Twitter.

„Прашина“ е второто филмско остварување на Манчевски од 2001 година во кое главните улоги ги играат Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Роузмари Марфи, Ен Броше, Николина Кујача, Владо Јовановски, Петар Мирчевски и Јосиф Јосифовски, а музиката ја потпишува Кирил Џајковски. Директор на фотографија е оскаровецот Бери Екројд.

Приказната се распостила на два континента и низ три столетија, и во неа балканскиот див исток се судира со американскиот Див Запад, видено од призма на современиот Њујорк.

„Прашина“, под мотото „Каде ли ти оди гласот кога веќе те нема”, е апотеоза на исконската потреба да се раскажува приказна и да се остави трага зад себе. Во САД ја следиме братската борба за љубовта на една жена, а на Балканот борбата на еден револуционер против Отоманската империја. Филмот е предмет на бројни културолошки анализи, есеи и расправи и на научната конференција на Универзитетот во Лајпциг во 2002 година, со што дополнително ја потврдува својата (уметничка, естетичка, културна) вредност.

Remote video URL
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе