Бесплатна игра на денот -  Metro: Last Light Redux

Ѕирнете во разрушената Москва и ужасите на нуклеарната апокалипса со Metro: Last Light Redux.

Не знаеме зошто Epic Games Store деновиве промовира пост-апокалиптични наслови како дел од својот празничен подарок, но откако вчера ја добивме Encased, а пред тоа три Fallout игри, денес доаѓа Metro: Last Light Redux, втората игра во популарниот серијал што може да се преземе бесплатно.

Продавницата Epic Games ја подари играта на Metro 2033 двапати, време е римастерот на Last Light да го добие истиот третман.

Ако ја пропуштивте првиот пат кога беше бесплатна, тогаш ова е идеална прилика сами да се уверите како изгледа уништениот свет на Дмитриј Глуховски по падот на нуклеарните бомби врз Москва, во кој преживеаја само оние кои се криеја во метрото. Дејството на играта се одвива во 2034 година и го следи Артем, млад човек кој е роден непосредно пред да паднат бомбите.

Вашите непријатели не само што ќе бидат мутанти и други фракции на преживеани, туку и застрашувачка средина која ќе бара од вас да бидете опремени и вооружени до заби..

Metro: Last Light Redux заработи оценка 76/100 од критичарите и 7,8/10 од публиката на веб-страницата на Metacritic, додека 89% од корисниците на Steam ја оценија позитивно. Можете да ја преземете бесплатно на платформата Epic Games Store.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе