Бил Гејтс како Остин Пауерс – видеото требаше да биде за интерна употреба
Бил Гејтс и Стив Палмер, коосновачот и поранешниот директор на Microsoft, пред многу години снимиле кратко видео – пародија на сцена од филмот „Austin Powers“.
Видеото беше објавено на YouTube уште во 2009 година, но „од нафталин“ го изваде водетелот на BNN Bloomberg Џон Ерлихман. Било снимено за интерна употреба во текот на 14-годишната кариера на Балмер на позицијата директор на Microsoft што почна во 2000 година.
Гејтс ја игра улогата на Остин Пауерс, а Балмер е Доктор Зло. Интересно е да се види како двајца моќни и влијателни ликови во компјутерскиот свет знаат да се забавуваат.