Бил Гејтс со совет до младите: Фатетете се за книга

Мултимилијардерот Бил Гејтс на крајот на изминатата работна им даваше совети на младите луѓе, а суштината на сите нив е да се фатат за книга.

Тој ги сподели советите како учесник во разговорот „Ask Me Anything“ на онлајн платформата Reddit. Запрашан како еден млад човек може да има позитивно влијание, тој одговори дека „идеално е да читаш многу и да го правиш она во што уживаш“.

Гејтс, кој често објавува кои му се омилени книги, истакна дека читањето е клучно за откривање нови области на интерес и нови вештини кои можат да имаат влијание.

„За некои тоа значи да се биде голем научник или инженер, за други да се биде голем говорник или политичар. За некои тоа значи да бидат медицинска сестра или доктор. Никогаш немало олу шанси за учење како сега“, констатираше соосновачот на Microsoft и четврти најбогат човек во светот.

Американската телевизиска куќа CNBC јавува дека тој чита 50 книги годишно и дека зема полна торба со книги кога оди на одмор.

„На одмор читам три часа на ден, така што читам многу книги“, рече тој минатата година, исто така, на Reddit.

Потоа истакна дека прави белешки додека чита, понекогаш на маргините на книгите за подобро да се сеќава на она што го чита. Како што рече, тоа е клучот за да научите нешто. Тој тврди дека секогаш ја чита секоја книга во целост. Според него, не сака да престане да чита кога ќе стигне до средината на книгата.

Гејтс во 2017 година рече дека навиката за читање, како што рече, е апсолутно суштинска за неговиот успех.

„Не стареете додека не престанете да учите. Секоја книга ме учи на нешто ново или ми помага да гледам поинаку на работите. Имав среќа што имав родители кои ме поттикнуваа да читам. Читањето ја поттикнува љубопитноста за која мислам дека ми помогна. Напредувам во мојата кариера и работа во фондацијата“, нагласи тој.

Неговата фондација се занимава со глобални прашања како што се сиромаштијата, климатските промени и справувањето со пандемии. Неодамна ја објави својата книга „Како да се спречи следната пандемија“.

Тој ги советуваше и младите како да придонесат во борбата против климатските промени. Меѓу другото, тој им предложи да купуваат производи кои се поеколошки, пренесува CNBC.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе