Бившата сопруга на Безос донираше 4 милијарди долари за загрозените од корона

Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос, основачот на Amazon, во изминатите четири месеци донираше повеќе од 4 милијарди долари на стотина хуманитарни организации и организации за давање помош, вклучително и на банки на храна кои се борат проитв последиците од коронавирусот.

Личното богатство на Мекензи се проценува на 60 милијарди долари, а по разводот со Безос да се обврза дека поголемиот дел од богатството ќе го донира во добротворни цели.

Во јули Мекензи соопшти дека донирала 1,7 милијарди долари за 116 добротворни организации за потоа да одлучи малку да ги забрза донациите и во изминатите четири месеци даде дополнителни 4,15 милијарди долари за 384 организации во САД и Порторико.

„Оваа пандемија им го уништи животот на Американците кои веќе беа осиромашени“, напиша таа на блогот. Напомнува дека најмногу се погодени мајките, постарите лица и луѓето кои веќе живеат во сиромаштија.

Истовремено, таа напомнува дека богатството на милијардерите е зголемено.

При бирање на приматели на донација Мекензи пристапува според основа на податоци, а нејзиниот тим посветено обрнува посебно внимание на оние кои делуваат во заедниците и се соочуваат со голема несигурност кога станува збор за храна, сиромаштија, расни нееднаквости и слаб пристап на филантропски капитал.

Додава дека некои од нејзините донации имале за цел да ги задоволат основните потреби како што се потребите во банките за храна, фондовите за помош во итните случаи и поддршка за најзагрозените.

Некои се фокусирани на долгорочни прашања кои пандемијата ги влоши, како намалување на долговите, обуки за вработување и образование на маргинализираните луѓе, како и за групите за граѓански права.

Нејзиниот тим прегледал вкупно 6.490 организации, а Мекензи го објави и списокот на организациите кои ги добиваат средствата.

Богатството на Џеф Безос, кој беше во брак со Мекензи 26 години, сега се проценува на 185 милијарди долари, додека пред пандемијата изнесуваше 113 милијарди долари.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе