Блуши: Ако Донбас се приклучи на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија?

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.

– Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Доњецк и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не ѝ се приклучи на Албанија, пишува Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Доњецк и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, познати како Донбас, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија“.

Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога Западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.

– За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.

Во објавата на Facebook вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци“.

Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, бил министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, префект на Горица, портпарол на владата, како и заменик-министер за надворешни работи. Потоа ја напушти Демократската партија и ја формира партијата Либра, која набрзо згасна.

реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе