BMW не се откажува: „Бубрезите“ уште повеќе ќе растат

Најновите информации сугерираат дека BMW планира дополнително да го нагласи својот препознатлив дизајнерски потпис.

Ако мислевте дека BMW веќе претера со предната маска, има ново изненадување.

Одредени модели на BMW веќе имаат осветлена маска, а сега би можеле да добијат и нова верзија каде предната маска е поврзана со фаровите, и тоа не само во дизајнот.

Имено, светлата и маската би можеле да работат, поточно да светнат заедно. Ова ќе ги направи фаровите и целокупната маска еден склоп.

Ова е поткрепено со скицата што BMW веќе ја достави до Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).

Навистина, нема потреба да се брза бидејќи тешко дека ќе видиме такви маски на модели со SUS мотори. Бидејќи се работи за целосно затворена површина, јасно е дека маската ја губи функцијата да го насочува воздухот за ладење, што не е неопходно за електричните автомобили.

Како што открива Carbuzz, дневните светла и самата решетка би „работеле“ заедно и би биле рамни, додека панелот на фаровите би бил повлечен и скриен кога не се користи.

Не е сосема јасно дали тоа би значело дека автомобилот ќе има само црна непроѕирна површина напред додека е паркиран или дали „екранот“ на маската би имал можност да поставува различни погледи.

Концептот Vision Dee, прикажан на овогодинешниот CES, очигледно е вовед во некоја нова дизајнерска насока на BMW, која би можела да вклучи таква дигитализирана предна табла со некои дополнителни функции.

Во секој случај, мораме да бидеме трпеливи додека BMW не се осмели да претстави конкретно решение пред пошироката јавност.

Се подразбира дека деновите на препознатливите двојни тркалезни фарови и дискретни „бубрези“ се далеку зад нас.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Авто новости

Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Read more

Ferrari: Хакирани сме, но нема да платиме откуп

Read more

Одредени финалистите на Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Read more

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Читај повеќе

Ferrari: Хакирани сме, но нема да платиме откуп

Читај повеќе
  • filter

Одредени финалистите на Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Читај повеќе

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Читај повеќе
  • play_arrow

Секси Golf

Читај повеќе

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе