BMW потврди: Работиме на новиот М3, ќе има над 1000 КС

BMW го потврди датумот на пристигнување на новиот модел.

Очекувано, новиот M3 ќе ја користи основата на неодамна прикажаниот концепт познат како Neue Klasse. Во исто време, од BMW потврдија дека работат на целосно електричен М3, кој ќе биде лансиран за најмногу четири години, односно до 2027 година.

Како што пренесува Carsales, информацијата ја потврдил лично директорот за развој Френк Вебер, кој оваа недела учествуваше на медиумската промоција на BMW i5 во Португалија. Во таа прилика тој потврди и дека платформата е развиена да прифаќа погон со четири електромотори и вкупна моќност од 1 MW.

Вебер не потврди недвосмислено дека новиот М3 сигурно ќе има 1000 kW, односно 1360 КС, но сосема е сигурно дека новиот М3 ќе има електричен погон.

„Сакаме да дојдеме со нешто што покажува дека Neue Klasse е веќе многу амбициозен. Но, ова е нешто многу повеќе од она на што се навикнати луѓето денес. Ова ќе дојде со М3 и нема да биде премногу далеку од првичното лансирање на Neue Klasse како производна линија“, рече Вебер.

Вебер јасно кажа дека и електричниот М3 ќе биде вистински М3 по возни карактеристики, а единственото место каде што ќе биде лишен е звукот. Но, има и изненадување, а тоа е дека електричниот М3 има задача да ја прошири понудата, што значи дека бензинецот М3 со шестцилиндарецот S58 3.0 ќе коегзистираат до понатамошно известување.

„Тоа е убав мотор, ние дефинитивно ќе го направиме овој способен за Еуро 7 и други работи, така што тоа ќе се случи. Нема да имаме две различни класи - ќе има коегзистенција на решенија на пазарот, што е неопходно“, заклучи Вебер.

Тагови
реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе