Болниците во фаза на мобилизација, ниту еден пациент нема да биде вратен

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ако евентуално мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.

-Тоа се дел од мерките на коишто размислуваме. Не станува збор за бројката на детектирани случаи, станува збор за тоа на што најмногу се посветуваме, капацитетите на болниците. Со која динамика се исполнуваат болничките капацитети, дали може да се постигне лекарите, медицинските сестри коишто даваат здравствена услуга во скопските клиники болници и во болниците во државата. Тоа е нешто што ние го следиме со која динамика се исполнува, рече Филипче.

Според него, има сосем доволен број на кревети и оти нема да се дозволи да се случи пациент да не може да биде примен во болница заради тоа што нема кревет.

-Тоа е едно сценарио коешто го разработувавме сите овие изминати месеци. Огромен број кревети неколку пати повеќе од тие кои се сега на располагање ширум државата во болниците со заземање на други одделенија освен инфективните се на располагање. Меѓутоа не е целта целосно да се исполнат и затоа следиме каков резултат ќе имаат овие мерки коишто значајно очекуваме да ја намалат трансмисијата на вирусот и ги споменав кои мерки би ги вовеле и во следните денови. Секојдневно ја следиме состојбата, рече Филипче во синоќешното гостување во вестите на телевизија Сител.

Тој информираше дека нема пациент којшто е вратен во ниту една болничка установа, во државата и на клиниките.

-Можно е да има подолго чекање ако има гужва на пациентите, затоа ние оспособуваме сега екстра болнички капацитети и во клиничкиот центар и во болницата „8 Септември“ и ширум сите во градовите ширум земјата, во сите инфективни и интернистички одделенија. Практично целите болници се сега во фаза на мобилизација и ги лечат ковид пациентите. Се сместуваат се повеќе и на други одделенија заради тоа што инфективните се веќе преполнети. Значи ниту еден пациент не бил вратен од болница ако навистина има индикација за болничко лекување, изјави Филипче. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе