Борел: Има недостиг од храна низ цел свет, а таму каде што ја има е скапа

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска, уште еднаш, предупреди на глобалниот недостиг на храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на житарици, бидејќи сега поради војната житото не може да се извезува, ниту да се сади и жнее.

-Има недостиг од храната и тоа ќе продолжи. И кога ја има таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе можат да си дозволат, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за развој на ЕУ.

„Доколку засегнатите луѓе трошат повеќе за храна, тогаш имаат помалку за образование и здравје, а тоа ќе ја продлабочи сиромаштијата и нееднаквоста“, додаде Борел.

Министрите за развој на ЕУ денеска одлучија да „поддржат повеќе од 70 партнери“ за да се подобри „отпорноста и одржливоста на нивните системи за храна со цел да го зголемат нивниот капацитет за храна на среден рок“, кажа високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност.

-Ги повикуваме и нашите партнери да не ја ограничуваат глобалната трговија со земјоделски производи, додаде Борел.

Борел исто така нагласи дека причината за претстојната криза со храна е руската инвазија на Украина, а не санкциите на ЕУ кон Русија, како што тврди Кремљ.

Русија во моментов го блокира извозот на 20 милиони тони жито од Украина, пред сè во Северна Африка и Азија, наведува германската Влада, што предизвика раст на цените. 

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе