ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Бразилците сакаат да ја освојат титулата во чест на Пеле

Фудбалската репрезентација на Бразил синоќа импресивно ја совлада Јужна Кореја со резултат 4:1 и избори четвртфинале на Светското првенство против Хрватска.

Бразилците славеа со головите на Винисиус, Нејмар, Ришарлисон и Пакета во првите 36 минути од мечот, а особено беа мотивирани бидејќи сакаа да победат на „јога бонито“ начин поради Пеле.

Легендарниот Пеле беше примен во болница на 30 ноември и е во тешка состојба, но пред натпреварот испрати инспиративна порака до фудбалерите на Бразил.

URL

Пеле објави фотографија од Шведска во 1958 година и напиша:

„Шетав по улиците во 1958 година и мислев како ќе го исполнам ветувањето што му го дадов на татко ми. Знам и дека многумина од вас дадоа слични ветувања и сакаат да го освојат своето прво Светско првенство. Ќе го гледам натпреварот од болница и јас ќе навивам за вас. Среќно!“, напиша Пеле.

Кога започна натпреварот, бразилските навивачи развиорија голем транспарент на трибините со ликот на Пеле и порака за брзо закрепнување, а по последниот судиски свиреж фудбалерите на свој начин му дадоа поддршка на најголемиот Бразилец во историјата.

URL

Фудбалерите на теренот донесоа транспарент со фотографијата на Пеле и едноставна порака – „Пеле!“.

„Тешко е да се зборува за Пеле во моментов, но му посакуваме сè најдобро и се надеваме дека ќе биде подобар што е можно побрзо. Се надевам дека уживаше во нашата победа“, изјави Нејмар, а Винисиус додаде:

„Сакам да упатам голем поздрав до Пеле. Оваа победа е за него. Се надевам дека ќе биде подобар, дека ќе се извлече и дека ќе ја освоиме титулата за него“, изјави напаѓачот на Реал.

Бразил во петок со почеток од 16 часот во четвртфиналето ќе игра против Хрватска.

Тагови
реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Болка во ребрата: Причини, симптоми и кога мора да побарате лекарска помош

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе