На овогодинешното доделување на Златните глобуси се појави и Бред Пит кој се пофали со својата нова фризура.
Имено, познатиот актер ги скрати своите препознатливи руси локни. Косата му беше уредно скратена од страните, додека горниот дел од фризурата беше малку подолг.
На многумина им се допадна оваа промена, а некои ја споредија со фризурата што ја носеше во далечната 1995 година.
„Воопшто не старее“, „Бред Пит е вистински Бенџамин Батон“, „Дали е можно да има 59 години“, „Никогаш не изгледал подобро“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Тој седна на маса со неговата колешка од филмот „Babylon“, Марго Роби, а дуото одлично се забавуваше на доделувањето на престижните награди.
И покрај очекувањата на многумина, Пит на наградите не се појави со својата нова девојка Инес де Рамон, со која го прослави својот 59-ти роденден, но и ја дочека 2023 година во мексиканско одморалиште.