Брисел: Напредокот на Србија кон ЕУ зависи од односите со Русија

Позицијата на Белград по однос руската агресија врз Украина може да влијае на процесот на европска интеграција на Србија, изјави денеска Мајкл Милер, шеф на Одделот на Европската комисија за Србија и Црна Гора.

Тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во дебатата за нацрт-резолуцијата на ЕП со која се повикува Србија да ја усогласи својата политика со одлуките и позициите на ЕУ за надворешната политика, вклучително и воведувањето санкции кон Русија, рече дека напредокот на Србија во преговорите за пристап во ЕУ зависи од владеењето на правото и дијалогот со Приштина, но и санкциите кон Русија.

„Имаше многу значајна еволуција во геополитичкиот контекст и позицијата на Србија по однос руската агресија против Украина, ќе биде суштински елемент што треба да се земе предвид. Србија е свесна за очекувањата на ЕУ по усогласувањата, вклучително и рестриктивните мерки (против Русија), рече Милер.

Слична порака упати и известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик, велејќи дека невоведувањето санкции кон Русија ќе има последици за Србија, притоа изразувајќи надеж дека Белград ќе ја усогласи својата политика со одлуките на ЕУ насочени против Москва.

„Суверените држави носат суверени одлуки, но суверените одлуки имаат и импликации за меѓународните партнерства, сојузи и европската интеграција. Се надевам дека одлуките во Србија по изборите ќе ги одразат европските аспирации на Србија“, рече Билчиќ.

Шефот на одделот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, Елза Фенет, позитивно ги оцени неодамнешните гласања на Србија против Русија во Обединетите нации, но изјави дека се потребни конкретни активности независно тие важни одлуки.

„Србија сè уште нема усвоено ниту една од рестриктивните мерки директно поврзани со санкциите против Русија. Контактите со Русија продолжуваат на највисоко ниво, вклучувајќи и со некои контроверзни личности. Србија одржува летови со Русија“, посочи Фенет.

Во нацрт-резолуцијата на ЕП чиј автор е Билчик, се изразува жалење поради фактот што Србија не се приклучила кон санкциите на ЕУ против Русија.

Европарламентот ги повикува новоизбраните власти во Белград да покажат вистинска посветеност на вредностите на ЕУ и да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, вклучително и санкциите против Русија, се наведува во документот објавен на веб-страницата на ЕП.

реклама

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе