Талентираната Били Ајлиш вчеравечер на големиот спектакл Brit Award за првпат во живо ја изведе нејзината нова песна „No Time to Die“ која ќе биде новата песна во филмот за Џејмс Бонд.
Ајлиш, која наполни 18 години во декември, е најмладата музичарка која досега пеела песна за филм од франшизата за Џејмс Бонд.
„No Time to Die“ ја напишала и ја снимила за три дена заедно со нејзиниот брат додека се возеле во автобус за време на турнејата.
Били на Brit Awards доби награда за интернационален женски изведувач.