Бројот на нови случаи со COVID-19 и натаму висок, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава, и порај апелите за почитување на мерките за заштита, и натаму е висок. Вчера беа регистирани 162 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на пандемијата, досега, изнесува 4.057, бројот на починати е 188, а 1.710 се оздравени. Бројот на активни случаи е 2.159.

Најголем дијагностицирани и натаму има во Скопје – 1.858 и 1.210 активни случаи, по што следат Куманово со 640 дијагностицирани и 221 активен случај, Тетово со 413 дијагностицирани и 239 активни случаи, Штип со 238 дијагностицирани и 196 активни случаи, Прилеп со 228 дијагностицирани и 20 активни случаи…

Голем е бројот и на хоспитализирани со COVID-19. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 96 пациенти од кои 35 се на кислородна поддршка, но нема пациенти на механичка вентилација, додека во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 77 пациенти од кои на респираторна машина се 10, а 20 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот Facebook профил објави дека обезбедиле конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти заболени од COVID-19.

– Им се заблагодарувам на сите наши херои, крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конвалесцентна плазма за грижата која ја покажуваат. Упатувам апел сите излекувани лица од овој вирус да даруваат крвна плазма и заеднички да им помогнеме на нашите сограѓани, побрзо да го спречиме ширењето на коронавирусот. Дарувај плазма, спаси живот, напиша Филипче.

Тој упати апел до излекуваните од COVID-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, и да го пополнат електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4

Поради порастот на бројот на пациенти на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“, голем број медицински сестри од повеќе болници во државава пристигнаа во тие две јавни здравствени установи за да им помогнат на своите колеги.

На Клиниката за инфективни болести се упатени триесеттина медицински сестри од повеќе болници во државата. Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“, напиша на својот Facebook профил државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

Во овие две јавни здравствени установи, посочува Милошев, приемот на заболени од COVID-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети.

-Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги, напиша Милошев.

Мора да се навикнеме да живееме со вирусот и да се штитиме постојано, посочуваат здравствените стручњаци и надлежните. Поради тоа, граѓаните и натаму треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот кои вклучуваат задолжително носење заштитна опрема (маска, марама) со која ќе бидат покриени устата и носот, редовно миење на рацете или нивна дезинфекција, како и држење дистанца од два метра. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Read more

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Read more

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Read more

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Read more
 

Вести

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Читај повеќе

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Читај повеќе

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Читај повеќе

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Читај повеќе
  • play_arrow

Во Индија падна огромен билборд, загинаа 14 лица

Читај повеќе

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе