Брутално: Пристигна најмоќниот сериски Golf во историјата на VW

Volkswagen претстави специјална верзија на Golf R по повод 20-тиот роденден на овој спортски модел.

Да, Golf R (32) беше претставен пред 20 години, а сега ни доаѓа посебна, јубилејна варијанта од Volkswagen. Новиот Golf R го задржува истиот 2.0 (EA888) турбо-бензинец, кој сега е зголемен за 13 КС на дури 333 КС.

Јубилејната верзија на Golf R доаѓа во комбинација со надграден 7-брзински DSG менувач кој ја пренесува силата на сите четири тркала.

На списокот на опрема се наоѓа и спортскиот издувен систем Akrapovic од титаниум, а VW нуди т.н. Emotional Start режим, при што моторот веќе се врти со 2500 вртежи во минута на стартот, што нема да им се допадне на вашите соседи, пишува Autocar.

Модификации се направени и на турбината, па крајниот резултат е многу видлив при возење.

На купувачите им се нудат само две нијанси на каросеријата, Lapiz сина и бела, а изборот на боја влијае на финишот на 19-инчните алуминиумски фелни Estoril.

Тука се и пневматиците Michelin Sport Cup 2, како и бројни ознаки кои укажуваат дека се работи за посебна, јубилејна верзија.

Цената не е објавена, но се очекува роденденскиот Golf R да биде за околу 10.000 евра поскап од обичниот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Авто новости

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more
 

Автомобили

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе