Буфон удри по Роналдо: Со неговото доаѓање Јуве ја загуби тимската ДНК

Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (43), кој 21 сезона мина во торинскиот клуб, изјави оти „Старата дама“ ја загубила тимската ДНК со доаѓањето на Кристијано Роналдо во 2018 година.

„Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампиони првата сезона од доаѓањето на Роналдо, но не ја освои, а јас не можев да си објаснам зошто така се случи. Тоа беше сезоната која јас ја поминав во ПСЖ“, изјави Буфон за ТВ мрежата TUDN.

Легендарниот италијански голман по една сезона мината во парискиот клуб се врати во Јувентус.

– По моето враќање во Јувентус две години соработував со Роналдо и добро се согласувавме. Меѓутоа, јас мислам дека клубот ја загуби тимската ДНК. Во 2017 година игравме во финалето на Лигата на шампиони и бевме екипа полна со искуство, и што е уште поважно делувавме како една целина. Имаше натпреварувачки дух внатре во екипата, а со доаѓањето на Роналдо тоа го загубивме, посочи Буфон.

Тој со Јувентус освои десет италијански титули, но не успеа да триумфира во Лигата на шампиони. Ова лето Буфон се врати во второлигашот Парма каде и ја почна својата кариера.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе