Иако се работи за уникат, La Voiture Noire на Bugatti е исклучителен проект. Претставен минатиот декември, пред Божиќ, La Voiture веројатно стана најпосебниот и најскап божиќен украс на сите времиња, изложен во фабриката на Bugatti.
Овој пат компанијата откри колку часа биле потребни за создавање на овој уникат, односно потрошени се неверојатни 65.000 инженерски часа. Помножете го тоа со цената за работен час и ќе добиете интересна цифра.
Во временски домен, тоа се 2.708 дена или седум и пол години, што дополнително говори за овој проект. Автомобилот не е создаден од нула, како база е користен Chiron, од кој е преземена скоро целата механика.
Сега е јасно зошто цената е 11 милиони евра.