Цената на горивата иста, поевтинува екстра лесното масло за домаќинство

Скопје, 28 декември 2020 (МИА) – Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.

Новата малопродажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 60,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 62,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,136 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,701 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 0,386 отсто и кај дизелот за околу 0,765 отсто, како и за 0,272 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

реклама

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Read more

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе