Цените на нафтата нагло паѓаат

Цените на нафтата паднаа на глобалните берзи паднаа за повеќе од 11 отсто минатата недела, спуштајќи се на најниските нивоа оваа година, бидејќи трговците стравуваат од рецесија и со тоа слабеење на побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 11,1 отсто, на 76,10 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 11,2 отсто, на 71,02 долари.

На самиот почеток на минатата недела цените на нафтата пораснаа бидејќи стапи на сила ембаргото на Европската Унија за руската нафта испорачана со бродови. Дополнително, Унијата заедно со членките на Г7 постави граница на цената на руската нафта, 60 долари, со цел да се намалат руските приходи од продажбата на нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, на редовната седница ја потврдија одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно. Сето ова ги поддржа цените на „црното злато“. Сепак, од средината на неделата, цените на нафтата беа под притисок по слабите економски показатели од САД, Кина и Европа.

Страв дека САД ќе потонат во рецесија

Покрај тоа, трговците стравуваат дека американската економија, најголемиот светски потрошувач на нафта, ќе западне во рецесија, како што предупредија шефовите на неколку големи банки и многу аналитичари. Според нив, прашање е само дали рецесијата ќе биде плитка или подлабока. Ова е резултат на високата инфлација, поради што американската централна банка агресивно ги зголемува клучните каматни стапки од почетокот на годината.

Последниот состанок на ФЕД оваа година се одржува оваа недела, а по серијата каматни стапки за 0,75 процентни поени, проценува пазарот дека челниците на централната банка ќе ги зголемат каматните стапки за 0,50 процентни поени.

Оваа недела седници ќе одржат британската и европската централна банка. И двете се очекува дополнително да ги зголемат каматните стапки за 0,50 процентни поени, што би требало да ја ослабне инфлацијата. Но, повисоките трошоци за задолжување ќе ја забават економската активност, што ќе значи и послаба побарувачка за нафта.

Поради рускиот напад врз Украина, цената на нафтата силно порасна во март и во еден период достигна 140 долари за барел, што е највисоко ниво од 2008 година. Меѓутоа, како што централните банки ширум светот почнаа агресивно да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, цените на нафтата постепено се вратија на нивоата пред руската инвазија.

Меѓутоа, во последните денови цените на нафтата се движат околу најниските нивоа оваа година.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Бизнис

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Read more

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Read more

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more
 

Вести

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе