Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави BBC.

Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство.

Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон.

Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила.

Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх.

Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.

Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт.

Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.

Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата.

Неговото крунисување можеби нема да се одржи наскоро – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Read more

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе