Чавушолу: Ако Азербејџан побара, Турција ќе интервенира во Нагорно-Карабах

Азербејџан е способен сам да ја ослободи својата територија, но ако сака поддршка и побара помош, ќе бидеме со него, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушолу.

Тој не ја исклучи можноста од воена интервенција во кавкаската област Нагорно-Карабах, претежно населена со Ерменци, која „де јуре“ е дел од Азербејџан.

– Со овие напади Ерменија го игнорира меѓународното право. На ова е потребно да се одговори бидејќи Азербејџан води борба на своја територија. Во кој дел од светот окупаторот и окупираните би биле третирани на ист начин, истакна Чавушолу.

Изјавата на Чавушолу уследи по наводите на Ерменија дека Турција учествува во судирот во Нагорно-Карабах. Ерменското Министерство за одбрана вчера соопшти дека турски авион соборил авион на ерменското воено воздухопловство, што беше демантирано од портпаролот на турскиот претседател и и азербејџанското Министерство за одбрана.

И претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев вчера демантираше дека Турција учествува во конфликтот во Нагорно-Карабах.

– Тоа се лажни вести. Не постои ниту еден доказ дека Турција учествува во судирот и нема потреба за тоа. Азербејџан е доволно подготвен да го заштити својот народ и територија, истакна Алијев.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира минатата недела, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за отпочнување на воените дејствија. На четвртиот ден од ескалација на насилството и денеска продолжува размена на артилериски оган помеѓу ерменската и азербејџанската армија во регионот Нагорно-Карабах кој се наоѓа во непризнаената Република Арцах, населена со Ерменци.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе