Челси претстави дрес во боите на Лесната коњица, а сите мислат дека е за Палестина

Англискиот гигант Челси претстави нов ретро дизајн на дрес, а поради тоа крена голема прашина на социјалните мрежи.

Челси денеска претстави дрес во сосема необични бои за клубот. Дресот е инспириран од 70-тите години на минатиот век, а боите што доминираат на дресот се црвена, бела и зелена. Токму овој дрес го носеше Челси на гостувањата во 1974 година.

Клубот денеска на своите официјални канали на социјалните мрежи објави продажба на дресови, поло маици, тренерки, капи, шалови и чаши во бои кои не се својствени за овој клуб.

Според клубот, инспирацијата дошла од гостинскиот дрес од 1974 година. Дресот беше носен поради познатиот тренер на Челси, Дејв Секстон, кој беше голем обожавател на најголемата генерација унгарски фудбалери од 50-тите, познати под прекарот Лесната коњица. Црвените, зелените и белите риги потекнуваат токму од унгарското знаме.

URL

Лесната коњица предводена од Ференц Пушкаш, со играчи како легендарните Шандор Кочиш, Нандор Хидегкути, Михај Тот, Золтан Цибор, Јожеф Закариаш, Јожеф Божик, Михај Лантош, Ѓула Лорант, Јене Бузански и Ѓула Грошич жареше и палеше на Стариот континент од 1950 до 1956 година. Ја освоија Олимпијадата во Хелсинки 1952, го освоија Централноевропскиот куп во 1953, а на Мундијалот во 1954 во Швајцарија загубија со 3:2 од Западна Германија иако важеа за големи фаворити и по само 8 минути игра водеа со 2:0. Лесната коњица, викана уште и Златните 11, Моќните Унгарци и Магичните Унгарци, се распадна во 1956 година со советската инвазија на Унгарија за задушување на Унгарската револуција.

Унгарската Лесна коњица во 1953 година

Сепак, многу навивачи не донесоа такви заклучоци, туку веруваа дека дресот има врска со поддршката за Палестина. Од друга страна, многу фанови беа воодушевени во коментарите.

„Поддршка за Палестина? Тоа е она што сакаме да го гледаме“, „Челси ја поддржува Палестина, најголемиот клуб во Англија“, „Недостасува само малку црно“, „Совршениот дрес на Палестина x Челси“, се дел од бројните коментари, додека има исто така и оние кои се прашуваат дали навистина се работи за поддршка на Палестина.

Mirror објави дека профилите на социјалните мрежи на Челси се преплавени со коментари од навивачите кои се прашуваат дали дресот е инспириран од Палестина во услови на тековниот терор низ кој минуваат луѓето во Појасот Газа.

URL
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе