Честото дезинфицирање на површините може да биде повеќе штетно отколку корисно

Ризикот од пренос на коронавирус од површини е низок, а луѓето кои опсесивно ги дезинфицираат површините можеби прават повеќе штета отколку корист. Ова е ставот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, од каде објаснуваат дека е далеку почесто вирусот да се пренесе преку воздух, пренесе CNN.

„Центарот утврди дека ризикот од површинско пренесување е низок, а секундарен во однос на примарните начини на пренесување на вирусот преку директни контакти со заразени капки и аеросоли“, вели Винсент Хил, шеф на одделот за превенција на болести.

Хил на прес-конференција изјави дека ризикот од пренос со допирање површини е мал, но е зголемен во затворени простории. Според него, сонцето и другите фактори на отворено можат да го уништат, односно ослабат вирусот. Тој „умира“ брзо на порозни површини, но може да трае подолго на тврди површини на затворено.

Истражувањето исто така сугерира дека површински пренос е веројатен во првите 24 часа откако некој е заразен, односно домаќинствата во кои еден член бил заболен имаат низок степен на пренос ако во домот површините се чистат и дезинфицираат.

Значи, иако одржувањето на хигиена не е губење време, тоа и не е единствениот или дури и најважниот начин за намалување на ризикот, сметаат од Центарот.

„Во повеќето случаи чистењето на површини со средства за чистење, не со дезинфекција, е доволно за да се намали и онака нискиот ризик од пренос на вирусот низ површини. Дезинфекцијата не е потребна, освен ако во последните 24 часа во домот бил некој болен или позитивен на вирусот“, смета Хил.

Тој вели дека чистењето треба да го насочиме на подрачја со чести контакти како кваки и прекинувачи. Честото чистење и дезинфицирање на површини може да има минимално влијание на преносот на вирусот.

Според податоците, средствата за дезинфекција може да претставуваат ризик по здравјето, без притоа луѓето да се свесни за тоа.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе