Чет апликации кои ги споделуваат вашите податоци со ФБИ

Некои апликации за размена на пораки споделуваат повеќе кориснички податоци кога тоа ќе биде побарано од нив.

Корисниците на телефони обично имаат голем број платформи за социјално вмрежување на кои се активни на дневна основа. Меѓу нив има специјални апликации кои се наменети само за пораки.

Иако овие чет апликации понекогаш може да содржат чувствителни информации што корисникот сака да ги задржи за себе, „протечен“ документ открива дека двете главни апликации за разговор - WhatsApp и iMessage - споделуваат големи количини на податоци со ФБИ.

Веста доаѓа од документ што „протече“ од ФБИ (Федерално биро за истраги), кое ја претставува разузнавачката и безбедносната владина служба во САД. Документот откри дека WhatsApp на Facebook и iMessage на Apple ѝ даваат на агенцијата најголем број информации. ФБИ исто така може легално да извлече информации од која било апликација за пораки.

Според документот, WhatsApp, iMessage и Line понудиле „ограничена“ содржина на пораки врз основа на барање од ФБИ.

Додека овие платформи доброволно понудиле „некои“ податоци, апликациите како што се Signal, Telegram, Threema, Viber, WeChat и Wickr не откриле никаква содржина од пораките.

Се разбира, споделените информации можеби не се безопасни. ФБИ може да добие информации од адресарот и на „метата“ и на нејзините контакти, доколку има налог за пребарување.

Ситуацијата е покомплицирана за корисниците на iMessage. Ако корисниците на iMessage направат резервна копија на нивните пораки и разговори на iCloud, ФБИ има пристап до вистинската содржина на пораката, бидејќи од Apple се бара да го предаде iCloud клучот за енкрипција доколку има налог.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе