Четири основни причини зошто многумина глумат оргазам

Дали некогаш сте биле неискрени со партнерот кога станува збор за постигнување оргазам?

Околу 80% од луѓето барем еднаш во животот одглумиле оргазам, покажа истражување на интернет страницата Kinkly која се занимава со промоција на секс, едукација и продажба на секс помагала.

Анкетата ја пополниле над 1200 луѓе, кои одговориле и на прашањето колку често не се искрени кога станува збор за оргазмот и зошто така постапиле.

Резултатите покажале дека 87% од жените во еден момент одглумиле оргазам, во споредба со 69% од мажите. Жените исто така редовно се преправаат дека доживуваат оргазам околу 37% од времето, додека мажите тоа го прават 9%.

Дури 74% од испитаниците биле уверени дека тоа го прават толку добро што партнерот не забележува дека лажат.

Кога станува збор за искрен оргазам, жените признале дека редовно го доживуваат околу 70% од случаите, додека кај мажите процентот е поголем, односно 86%.

Одделиле четири најчести причини за глумење оргазам:

  • Не сакале нивниот партнер да се чувствува лошо.
  • Поради желба сексуалната средба побрзо да заврши.
  • За подобро партнерот да се чувствува.
  • Поради чувство дека од нив се очекува да заврши сексот и покрај тоа што бил сексуално задоволен.

Во текот на анкетата, 62% од луѓето рекле во текот на секс и двајцата партнери секогаш треба да доживеат оргазам. Од страницата се обидуваат да им објаснат на луѓето дека сексуалните средби постојат поради желбата за уживање, а дека оргазмите не се показател на добар секс.

Сексот не е само оргазам, тоа се сите уживања и задоволства кои се доживуваат до доаѓањето на таа точка. Сметаат дека луѓето треба повеќе да се опуштат и престанат да глумат оргазам и да гледаат како на нешто што ете мора да се случи по секоја цена, пишува Health.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе