Четири совети како облеката да не мириса на влага и мувла

Постојат многу начини за сушење облека во затворен простор за време на ладниот период. Но, често се појавува еден проблем, а тоа е кога облеката мириса на мувла и влага. Експертите за чистење откриваат зошто тоа се случува и како да се спречи овој проблем.

Зошто облеката го има тој непријатен мирис?

Без разлика на тоа колку силен мирис има омекнувачот кој се користи, мирисот на влага се добива од заробената влага во облеката. Ако по сушењето остане малку влага, облеката ќе мириса на влажност дури и кога на крај потполно ќе се исуши. Мирисот особено ќе се осети доколку облеката ја здиплите и ставите во фиока или плакар додека сѐ уште е влажна, а предолгото оставање на мокра облека во машината за перење исто така може да ја направи смрдлива.

Истиот проблем ќе се појави и доколку мокра облека ставите во машината за сушење алишта, а не ја вклучите. „Влагата и затворениот простор се рецепт за непријатен микрис“, објаснува експертот за чистење од Clean House Fast, Ник Елис.

Сушење во мала или непроветрена просторија

Експертите тврдат дека е важно собата да има добра вентилација, бидејќи ако во воздухот има премогу влага, облеката ќе има мирис на мувла. Тие имаат неколку совети за одржување на свеж мирис на облеката кога се суши во затворен простор, а на прво место е тоа дека мократа облека веднаш треба да се испере. Истакнуваат дека пред перењето на мокра облека треба да се постапи исто како со сувата. На пример, костим за капење, пешкири или тренерка која сте ја носеле на дожд, треба веднаш да се исперат. Така ќе спречите создавање мирис на влага.

Одвлажнувач на воздух

Со оглед на тоа што вентилацијата е чест причинител на непријатните мириси на облеката, треба да користите одвлажнувач на воздух бидејќи ќе го собере вишокот на влага од воздухот, што осетно ќе го олесни сушењето на облеката, а исто така и ефикасно ќе спречи појава на мувла, тврдат експертите. Доколку не сакате да купувате одвлажнувач, можете само да отворите прозор за да ја подобрите вентилацијата. Тоа ќе направи да водената пареа не се задржува во просторијата.

Помала количина на облека за перење

Можеби е примамливо да се обидете целиот валкан веш одеднаш да го исперете, но натрупувањето на машионата може да доведе во неефикасно чистење и многу непријатен мирис на влага. Експертите тврдат дека преполната машина за перење алишта може да ја остави вашата облека многу повлажна кога ќе ја извадите, што осетно го продолжува времето потребно за сушење, па затоа внимавајте да не го надминете назначениот капацитет на машината.

Топла вода и оцет

Ако облеката веќе мириса на влага, алкохолниот оцет ќе помогне да се реши проблемот.

Експертите тврдат дека жешката вода може да ги убие бактериите, па затоа е подобро да се пере со таква отколку со ладна. Велат и дека тоа не значи дека тоа треба да го правите на секое перење, туку само повремено, а особено кога се во прашање пешкири. Советуваат и да се обидете да ги исперете со шолја топол оцет и во топол амбиент, заедно со вообичаениот детергент, за да им дадете мирис. Воедно, проверете ја етикетата за одржување и перете на највисоката температура која е препорачана од производителот, за да се уништат непријатните мириси.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Живот

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Оваа сабота во Јавна соба базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе