Четири типа на неефикасни суплементи на кои не треба да трошите пари

Ф.З.
/ 26.01.2024 / 13:30

Постојат многу суплементи кои можат да бидат корисни кога станува збор за задоволување на дневниот внес на есенцијални хранливи материи, но има многу кои не вредат за вашите пари.

Иако избегнувате суплементи (додатоци) кои доаѓаат со опасни несакани ефекти, важно е да се има на ум дека некои се едноставно неефикасни.

Д-р Остин Лејк неодамна сподели остроумни предупредувања по ова прашање, советувајќи ги поединците да бидат разумни во нивната потрошувачка со избегнување на одредени додатоци. Тој предупреди дека мултивитамините, биотинот, колагенот и пробиотиците можат да бидат лоша инвестиција.

Мултивитамини

Првата работа на која Лејк предупредува се мултивитамините. Иако ова може да изгледа како одличен начин да ги добиете основните хранливи материи во едно едноставно пакување, тој отворено вели дека тие едноставно нема да ви направат многу добро и може да бидат огромно губење пари поради нивната ниска биорасположивост и вештачки адитиви.

Д-р Лејк поттикнува промена кон добивање есенцијални хранливи материи од добро заокружена исхрана наместо да се потпирате на овие широко продавани мултивитамини.

Биотин

Биотинот често се продава како одлична опција за голем број здравствени потреби, особено кога станува збор за убавина. Сепак, ова е втор додаток на кој д-р Лејк предупредува. Според него, прекумерното внесување може да биде штетно за вашето здравје.

„Биотинот всушност може да ги осиромаши другите витамини Б во вашиот систем, особено Б5“, вели тој.

Нагласувајќи ја важноста на Б5 во синтезата на хормоните и производството на енергија, тој советува наместо тоа да се одлучите за Б комплекс, нагласувајќи ја потребата за балансиран пристап кон суплементацијата.

Колаген

Колагенот е уште еден популарен додаток кој често се смета за корисна опција во областа на убавината. Д-р Лејк го насочува вниманието кон додатокот кој е во тренд, наведувајќи дека истражувањето силно не ја поддржува неговата ефикасност.

Тој нагласува дека често можете да добиете многу преку храната, истакнувајќи извори како домашна супа од коски, месо и јајца. Ова го оспорува широко распространетото верување за неопходноста од додатоци на колаген и поттикнува покритичко испитување на трендовите во исхраната.

Пробиотици

Осврнувајќи се на пробиотиците, д-р Лејк истакнува дека тие често се огромно губење пари бидејќи луѓето купуваат недоволно количество на вистинските видови на пробиотици.

Препорачува да бидете сигурни дека ги добивате вистинските количини и ја нагласува важноста на живите активни култури кои се наоѓаат во храната како кефир, кисела зелка, кимчи и комбуха.

Сè на сè, главниот совет на д-р Лејк е јасен: „Бидете внимателни кога сакате да инвестирате во суплементи и погрижете се да работите со некој што знае за што зборува, или може да потрошите многу од вашите пари“.

Во ерата на велнес трендови, да се биде добро информиран и да се консултирате со професионалци е од најголема важност за да се донесат мудри одлуки и за здравјето и за финансиската благосостојба.

ПРАВОПИС: Иако зборот „суплемент“ кај нас е широко распространет, сепак тој воопшто не постои во македонкиот јазик. Македонската верзија на овој збор е „додаток“.

Тагови
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фит

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе