Четири вида храна кои најчесто предизвикуваат труење

Секоја храна може да предизвика труење. Но некои видови храна побрзо се расипуваат и почесто се поврзуваат за болести и труење со храна. Поточно, некои намирници се повеќе склони да развијат штетни микроби од кои може сериозно да се разболите.

Така, сировото животинско месо може да биде опасно ако контаминирано. Тоа најчесто се однесува на сирови или недоволно готвено пилешко, но и на други видови месо како и на сирови јајца, непастеризирано млеко, школки и друга храна.

Секако дека и овошјето и зеленчукот може да бидат контаминирани поради што експертите секогаш истакнуваат дека пред консумација треба да биде добро измиено.

Месо (пилешко, свинско, мисиркино)

Од сирово или недоволно готвено месо лесно може да се разболите. Сировото месо содржи E. coli  поради што не се советува миење на месото за да се избегне контаминирање на кујнските површини и садови.

За да се ослободите од бактериите, најбезбедно е целосно термички да се обработи месото (да се испече, свари, испржи) секое месо што го подготвувате.

Овошје и зеленчук

Сировото овошје и зеленчук е корисно, но и тоа понекогаш може да предизвика труење со внесување штетни микроби. Затоа е важно да го измиете пред консумација.

Сварениот зеленчук е апсолутно безбеден, но свежиот треба добро да се измие пред јадење.

Непастеризирано млеко и други производи

Избегнувајте сирово млеко и производи добиени од него. Може да содржи штетни бактерии меѓу кои и Campylobacter, Cryptosporidium, E. coli, Listeria и Salmonella.

Тие се отстрануваат целосно при процесот на пастеризација. За среќа, сите хранливи материи и витамини се задржуваат во млечните производи по овој процес.

Јајца

Јајцата се познати по тоа што можат да содржат Salmonellа, бактерија од која може сериозно да се разболите и тоа не се однесува само на напукнатите или на изглед расипани јајца.

Затоа експертите советуваат да јадете целосно сварени или пржени јајца, а доколку ви требаат сирови користете пастеризирани јајца, пишува Cookist.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе