Четири видови овошје кои можат да го забават процесот на стареење

Постојат многу начини на кои можете да помогнете во забавување на процесот на стареење, а исхраната игра голема улога во тоа.

Иако не можеме да очекуваме туку така да ги смениме „симптомите“ на стареење, одредени намирници можат да ни помогнат да го продолжиме животниот век и да изгледаме помлади.

Јадењето повеќе овошје е една од најлесните и најдобри промени во исхраната што можете да ја направите за да ги подобрите вашите шанси за подобро здравје. Во продолжение ви пренесуваме четири видови овошје кои според научниците ќе ви помогнат во оваа цел.

Боровинки

Боровинките се еден од најбогатите извори на антоцијани, фитохемиски соединенија кои на овошјето и зеленчукот им даваат сина, виолетова и црвена боја и се ефективни антиоксиданси кои се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

Некои студии покажаа дека хранливите материи во боровинките имаат способност да ја поправат оштетената ДНК и да ги модулираат гените поврзани со долговечноста. Комбинацијата на антоцијани и диетални влакна во боровинките, исто така, може да помогне да се намали отпорноста на инсулин, да се намалат триглицеридите и да се намали ризикот од дијабетес тип 2, според истражувањето во Current Developments in Nutrition.

Одредени студии покажуваат дека редовното консумирање боровинки може да ги подобри когнитивните способности и дека полифенолите од боровинки може да играат значајна улога во продолжувањето на животниот век.

Јаболка

Сигурно сте слушнале како јаболката кријат бројни придобивки за нашето здравје. Студијата во Advances in Nutrition сугерира дека редовното консумирање јаболка може да го намали ризикот од болести поврзани со стареењето како што се кардиоваскуларни болести, рак и Алцхајмерова болест.

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со здрави хранливи материи како витамин Ц, антиинфламаторен магнезиум, калиум за намалување на крвниот притисок и диетални влакна, но неговата најголема здравствена придобивка може да биде неговата способност да се бори против бројни кардио-метаболички нарушувања поврзани со прекумерната тежина. Како што стареете, ризикот од прекумерна тежина се зголемува, па вклучувањето на овошје за борба против маснотиите, како грејпфрут, во вашата исхрана е одлична алатка против стареење.

Една студија покажа дека учесниците кои јаделе половина грејпфрут со секој оброк изгубиле 3,6 килограми за време на експеримент од 12 недели. Анализата на податоците од Националното истражување за здравствени и нутриционистички испитувања откри поврзаност помеѓу консумацијата на грејпфрут и условите кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Калинка

Сокот од калинка е богат со калиум, минерал кој е поврзан со намален ризик од мозочен удар поради неговата способност да го одржува крвниот притисок во здрав опсег.

Исто така, е богат извор на флавоноиди и полифеноли со силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Некои истражувања покажуваат дека овие антиоксиданси можат да помогнат да се намали инциденцата на старечки дамки и брчки. Во една студија за глодари, истражувачите откриле дека сокот од калинка нанесен на кожата на глувците без влакна штити од оштетување од сонцето. Во други истражувања, се чини дека сокот од калинка го продолжува животниот век на глувците и другите мали животни.

Се разбира, многу научници стојат зад тврдењето дека консумирањето одредени намирници е само една важна компонента во низата интервенции кои треба да бидат дел од рутината на поединецот.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Здравје

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Read more

Лекарите открија скриен ран знак на замастен црн дроб

Read more

Како да препознаете дека на организмот му недостасува вода?

Read more

Витамини и минерали што не треба да се земаат заедно

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе