Во првиот викенд на прикажување, четвртата сезона на серијата „Stranger Things“ собори рекорд на гледаност на Netflix, со што успеа да се најде пред втората сезона на „Bridgerton“.
Според листата на Netflix за Топ 10 најгледани серии изминатата недела, „Stranger Things“ достигна огромни 287 милиони часа гледаност, додека „Bridgerton“ го држи рекордот од 193 милиони часа. Успехот со тоа е уште поголем ако се има на ум дека серијата во таа недела всушност беше достапна само три дена, од петок до недела.
Со тоа, гледаноста е уште поголема. Новата сезона придонесе поголема гледаност и на другите сезони.
Четвртата сезона е појави по три години пауза, а нејзиното снимање траеше подолго поради коронавирусот. Сега, на Netflix е достапен првиот дел од сезоната.