Членовите на ДИК нема да земат дополнителни бонуси за локалните избори

Членовите на Државната изборна комисија нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори.

На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори и, како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, се работи за прецизирање и дополнување на Правилникот.

-Членовите на ДИК, освен нашите редовни плати, нема да земат никакви бонуси, иако имаме право на тоа, рече Кондарко.

Надоместоците за други лица вработени во ДИК, лица дополнително ангажирани, членовите на ОИК и ИО остануваат, а се додаваат и членовите на Избирачката комисија на Град Скопје. Се зголемува за 25 отсто надоместокот за ОИК и ИО во општините каде што имаше втор круг гласање за градоначалник, како и за 20 отсто за избирачките органи во општините каде што имаше гласање на болни и изнемоштени лица.

Дополнителни надоместоци ќе има и за вработените во ДИК во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и за вработените во МВР кои го обезбедуваа доверливиот гласачки материјал и терминалите за отпечатоци од прсти. Исто така ќе има и корекции на критериумите за вработените во стручната служба на ДИК кои извршувале задачи надвор од описот на нивното работно место според систематизацијата на ДИК, како и за сертифицираните едукатори.

ДИК денеска ги потврди и конечните резултати од вториот круг на локалните избори за градоначалник на Дебар, што се одржа на 14 ноември. Победи кандидатот за градоначалник на ДУИ, Хекуран Дука. 

Тагови
реклама

Македонија

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more
 

Вести

  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе