Чулев инсистира на награди за полицајците, ССМ го обвинува за вршење притисок врз синдикатот

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во Министерството имаше работен состанок со началниците на секторите за внатрешни работи.

Полициските службеници изминатиот период преземајќи широк спектар активности имаа важна улога во справување со пандемијата од COVID-19, и тие покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионалност, напиша Чулев во објавата за средбата на социјалните мрежи и додаде дека работата на МВР не застанува тука и дека и понатаму имааат одговорност да се грижат за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните.

„Изминатиот период полицијата покажа дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап треба да продолжи и во иднина. Во таа насока потенцирав дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата кои се насочени кон превенција од коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители. Со таквиот начин на работа ќе ја потврдиме стратешката определба на Министерството за внатрешни работи, за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето“, напиша Чулев.

„Како министер за внатрешни работи јас и понатаму останувам на ставот дека законите треба да се спроведуваат неселективно и дека полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи. Убеден сум и понатаму ќе инсистирам тие да ја добијат наградата која за заслужуваат со одговорнoто извршување на работните задачи“, вели на крај Чулев.

ССМ: Министерот Чулев врши притисок врз синдикатот

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција побара министерот Чулев, како што рече, да ги тргне рацете од синдикатот и обелодени дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР.

„Тоа за нас е недопусливо бидејќи со тоа се крши Конвенцијата 87 за слобода на здружување и затоа сме приморени да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ“, рече Димовски.

Информираше дека во изминатите две недели тој лично двапати бил викнат во полициска станица и бил информиран дека против него е поднесено кривична пријава.

„Никој не може да му се заканува на синдикатот. Имаме програмски определи и ќе ги исполнуваме“, рече Димовски, упатувајќи апел дека мора да се почитуваат законите и Општиот колективен договор и Законот за работни односи да биде темелот на рабптничките права.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев посочи дека во март на состанок во Кабинетот на министерот добиле директна закана дека доколку не претстанат со нивните барања, ќе биде формиран нов синдикат.

„За жал, заканата што ја добивме во Кабинетот на министерот почна да се исполнува. На 29.04 во МТСП е регистриран нов, трет синдикат на полицијата и на 13.05 е запишан во Централниот регистар, а на  2.06 со договор спротивен на законските прописи и колективниот договор на МВР ја крунисаат соработката“, истакна Кицев, барајќи од Владата да го поништи овој договор.

Посочи дека во изминатиот период набавиле и поделиле заштитна опрема во маски, визири и средства за дезинфекција за нивните колеги на терен.

„Направивме работи на терен што требаше да ги направи МВР“, рече Кицев.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе