Чулев: Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта тераше дневен ПР

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со коронавирусот, објави на својот Facebook профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Секоја одлука на Владата, вели Чулев, поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање.

– Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира, порача Чулев.

Граѓаните, посочува тој, се свесни дека зад олабавувањето на мерките за ограничување на движењето се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори, а здравјето на граѓаните е во втор план и за ова во неколку наврати укажав во јавноста, но и на седниците на владата.

– Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива криминал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и закани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив. Граѓаните треба да знаат дека ниту една политичка изјава нема да ме поколеба во мојата намера да го заштитам здравјето и животот на граѓаните, но и да останам посветен во неселективна борба против корупцијата и криминалот, стои во објавата на министерот Чулев.

За мене, порачува Чулев, се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам сè што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација и нагласува дека денешните изјави се само политички и истите претставуваат непринципиелен притисок врз неговото работење. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе