COVID-19 е најважен предизвик за државата во следните месеци

Скопје, 24 септември 2020 (МИА) – Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со COVID-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, но според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата што би имал влијание врз општата безбедност во земјата, заклучи Советот за безбедност на вчерашната седница.

Шефот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот изјави дека во однос на мерките за справување со пандмијата во моментов генерално во Европа и во светот има само малку држави, кои се решаваат на ригидни мерки како оние кои ги имавме пред три или четири месеци, на пример со 96-часовен полициски час. Сепак, според него, ако дојде до поголема бројка на заразени, државата треба да има стратегија да се справи со тоа со друг сет мерки, кои би биле економски поиздржливи.

– Јас се согласувам негде да затегнеме, негде да попуштиме, меѓутоа на системско ниво, на ниво на цела територија мислам дека тоа што го поминавме треба да остане во историјата, истакна Пендаровски.

Шефот на државата и во видео-обраќање пред Генералното собрание на ОН нагласи дека оваа 2020 година е несомнено една од најтешките години која ја живее човештвото во поновата историја, бидејќи пандемијата со COVID-19за само  неколку месеци, освен што однесе безмалку еден милион човечки животи, остави длабоки последици во речиси секоја сфера од нашето живеење, за што ќе ни бидат потребни години додека целосно закрепнеме.

– COVID-19 предизвика тектонски промени во поредокот кој го знаеме, но, ни овозможи и реален увид во националните капацитети на јавното здравје за справување со кризи од планетарни димензии. COVID-19 е само уште една во целиот спектар од кризи со кои се соочуваме како човештво и ниту една од нив не е целосно изолирана од другите. Здравствената криза е истовремено и економска и социјална бидејќи предизвикува сиромаштија, а, сиромаштијата е плодна почва за екстремизам и конфликти, истакна Пендаровски.

Директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ смета дека со доаѓањето на зимата ќе биде уште потешко да се заштитиме и да го намалиме ризикот од инфекција со новиот коронавирус, доколку строго и принципиелно сите не се придржуваме до препорачаните мерки.

– Поради ниските температури ќе бидеме затворени внатре, ако не се придржуваме на високите стандарди за одржување на хигиената, правилното користење на маската и избегнување собири каде не може да се обезбеди соодветна дистанца, ризикот од пренесување на инфекцијата ќе биде поголем, оценува Стевановиќ.

Според неа, во текот на зимскиот период има многу други горно-респираторни инфекции кои се пренесуваат на ист начин и со слични симптоми како и новиот коронавирус, па ќе биде и потешко да се диференцираат.

– Затоа, придржувајте се на препорачаните мерки за превенција, порачува Стевановиќ.

Во услови на неизвесност со развојот на состојбата со COVID-19 и во пресрет на стартот на новата учебна година Владата го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство.

Владата го прифати предлогот на Комисијата, согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 основни училишта од кои шест државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта и 147 подрачни основни училишта.

Дадена е согласност за настава со физичко присутво и во четири средни училишта од кои две државни за деца со посебни образовни потреби, една приватно средно училиште и едно општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава со физичко присуство добија 10 средни училишта – пет уметнички, четири општински училишта и Спортската академија.

Според најновите податоци, во последните 24 часа се регистрирани 183 нови случаи со COVID-19 од направени 1.769 тестирања. Во истото деноноќие, во болнички услови починаа пет пациенти, а регистрирани се 102 оздравени пациенти.

Со последната статистика вкупниот број на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 17.049, од кои 14.186 оздравеа, 710 починаа, а цифрата на активни случаи изнесува 2.153.

Со четири новопримени пациенти, вкупниот број на хоспитализирани на Инфективната клиника во скопје изнесува 73, од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а нема ниту еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани четири деца и четири мајки позитивни на COVID-19 и едно дете и една мајка суспектни на вирусот, додека во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 32 пациенти, од кои на респиратор се тројца.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, во болницата во Штип 43, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга вкупно се хоспитализирани 158 лица, позитивни и сомнителни на COVID-19.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе