Црна Гора ја продолжи мерката самоизолација за COVID-19 на 21 ден

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора (НКТ) вчера одлучи да ја измени наредбата што се однесува на карантинот и самоизолацијата на луѓе кои биле или постои сомневање дека биле во контакт со заболени од COVID-19 или со лица за кои постои сомневање дека се заболени.

Сега мерката за самоизолација е продолжена од 14 на 21 ден.

Мерката самоизолавија, според новата наредба, им се одредува во траење од 21 дена на лица кои биле или за кои постои сомневање дека биле во контакт со заболени од COVID-19 или со лица за кои постои сомневање дека се заболени.

„До оздравување, а најмалку 21 ден за лицата кои имаат позитивен резултат на ПЦР тестот за новиот коронавирус, имаат благи симптоми или се без симптоми на болеста“, стои во наредбата.

Се истакнува дека на сила останува мерката за задолжителен карантин или самоизолација за црногорските државјани и резиденти на Црна Гора кои доаѓаат од држави за кои не е дозволено одвивање на меѓународен патнички сообраќај, во склад со пропишаните епидемиолошки критериуми, во траење од 14 дена, врз основа на решенијата на Санитарната инспекција, во склад со Протоколот за постапување со заболени и контакти со COVID-19 пациенти на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје завчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот.

Тие резултати покажаа дека 475 од 2.000 анализирани тестови  во Германија биле позитивни на коронавирус, а кога биле додадени 66 позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, добиени се вкупно 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 население.

Црногорските медиуми објавија дека во Република Северна Македонија има 167 случаи на 100.000 жители, 109 во БиХ, 66 во Србија, 52 во Албанија, 28 во Хрватска и 13 на 100.000 во Словенија.

Шефот на црногорското Национално координативно тело за инфективни болести, Милутин Симовиќ, изјави дека нема да се преземаат драстични мерки, како што беа оние од првиот бран, кога граѓаните остануваа во своите домови, а полицискиот час беше во сила по 19 часот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе